Кога AC Schnitzer тјунира BMW i8

ОБЈАВЕНО НА:

Германската тјунинг компанија AC Schnitzer го тјунираше BMW i8 Roadster.

Тјунираниот i8 доби нови полесни фелни, модификации на предниот и задниот браник, а редизајнирани се и популарните BMW бубрези. Модифицирани се и праговите како и ретровизорите кои сега се во комбинација од бела и црна сјајна боја.

Измени има и во внатрешноста каде има неколку алуминиумски додатоци на папучите за кочење и додавање на гас, како и на одморолиштето. Тука се и новите патосници од велура.

Така, доколку поседувате BMW i8 Roadster и сакате вашиот автомобил да изгледа уште повеќе агресивен и спортски тогаш обратете се до AC Schnitzer.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK