Клима во зима – дали треба да работи?

ОБЈАВЕНО НА:

Зимата, логично, не е главна сезона за работа на климата. Сепак, кабината во ова годишно време има потреба од затоплување, а не од ладење и затоа се поставува прашањето дали е потребно да ја пуштаме да работи на ладно време. Специјалистите за клими тврдат дека без разлика на времето климата мора секој ден да се вклучува во автомобилот. А зошто е тоа така?

Климата во автомобилот е составен дел од системот за вентилација на возилото и пред сè електричен уред. Неговата состојба, како и на секој друг механизам значително се влошува при долг претстој и неработење. Од гледна точка на климатските услови кај нас потребата од работа на климата е не повеќе од 4-5 месеци во годината, што значи дека ако ги гледаме надворешните температури климата не работи повеќе од пола година. За тоа време во системот можат да се случат неповратни промени, без подмачкување гумичките во него можат да се исушат, средството за ладење да истече, а деловите за обвивка да се распукаат од разликата во температурите.

Во крајна сметка во пеколен летен ден поради жештината ќе посакате да се оладите кога ќе ја вклучите климата и би било навистина лошо да не работи и да има потреба од евтин ремонт. Тоа значи дека автомобилската клима мора да работи секој ден од годината, дури и за кратко, а тоа ќе го продолжи рокот на работење.

Поскржавите возачи веднаш ќе го постават прашањето: „А зошто да трошиме гориво?“ Тие ја сметаат оваа потрошувачка за неоправдана. Сепак, работите не стојат така, дури и доколку работата на климата на студено е една од претпоставките за зголемена безбедност при движењето. Таа ќе ви помогне да се заштитите од влага во купето на автомобилот. Влегувајќи со мокрите обувки и облека со кал и вода вие ја зголемувате влажноста во возилото. Тоа води до потење на стаклата, но и ги уништува навлаките и теписонот. Климата движејќи го воздухот во внатрешноста на автомобилот, ја испарува влагата и создава чувство на комфор.

Редовното пуштање во работа на климата е користно и од гледна точка на здравјето бидејќи спречува натрупување на бактерии, кои може да предизвикаат таканеречена „легионерска болест“. При застој на воздухот во него се создаваат услови за размножување на бактериите, па затоа периодичното пуштање на работа на климата и навремена замена на филтрите ќе спречи размножување на бактериите.

Покрај тоа не е постојано потребно во текот на целото возење да биде вклучена климата. Доволно е околу еден час при движење на автомобилот да ја пуштите за да можете да ја раздвижите заштитната смеса на уредот. Од студито и значителната потрошувачка на горивотот не може да стравуваме. Вклученото затоплување го компензира внатрешниот температурен баланс, а потрошувачката на горивото нема да порасне за повеќе од пола литар на час од работата на климата.

Единственото правило е да не се пушта климата при ладен мотор бидејќи кај некои модели при слично дејство работата на климата може да го преоптовари моторот. Затоа прво запалете го моторот, оставете го да се загрее и дури тогаш пуштете ја климата. Ако сакате да и го продолжите животот на климата во вашиот автомобил редовно пуштајте ја да работи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK