Жител на Германија направи грешка и порача 27 возила од Model 3 на сајтот на Tesla иако сакал да си купи само еден електромобил. „Шопингот“ му однел 2.700 евра како депозит од неговата банкарска сметка, кои според правилата не се враќаат при откажување на нарачката.
Жртвата раскажува во Rеddit, дека одлучил да го смени стариот модел на Fоrd Kugа cо Tеslа Mоdеl 3. Седнал пред компјутерот со татко си, за да ја одберат саканата модификација и опрема, но откако ги пополнил неопходните лични податоци, сајтот на производителот од Калифорнија го информирал за проблеми со плаќањето.
На интернет, Германецот прочитал за жалби од други корисници од слични проблеми и решил да ги следи советите и да ја повтори порачката. Успеал да постигне успех дури два часа подоцна после 27 обиди.
Кога влегол во списокот за купување, Германецот открил дека се примени и веќе се обработуваат сите направени порачки. Сајтот на Tesla го информирал дека ќе му бидат доставени 27 апсолутно еднакви Model 3 со цена од 1.404.000 евра или по 52.000 евра секој.
После жалбата следниот ден од техничката поддршка на страницата го смириле клиентот дека крупната нарачка е откажана целосно и признале за проблем со пополнувањето на онлајн формуларите. Депозитот од 2.700 евра бил откажан и сега на Германецот му претстои нов обид да си купи Mоdеl 3.