Кога човек има 2,5 милиони евра вишок, тогаш за него нема големи проблеми за трошење. Оттаму и вложувањето во автомобил за оваа сума би се оценило како добро. Mercedes-Benz Classic го уреди и преуреди овој 600 Pullman од 1975 година до последен детаљ.
Супер луксузното возило е на продажба во холандскиот салон Ауто Лајтнер. Актуелниот сопственик дефинираше во Mercedes-Benz Classic што сака во својот Pullman, a Германците му ги исполнија сите желби. И покрај бројните модерни корекции овој Mercedes и понатаму има статус на олдтајмер.
Новитети се електричното подесување на седиштата, маси, минибар, ТВ и ДВД плеер, а вграден е и панорамски прозор со затемнување. Возачот доби и навигација.
Во Mercedes темелно го реновираа 6,3-литарскиот V8 sо 250 коњски сили, како и четиристепениот автоматик. Самото обновување на ова импозантно возило (долго е 6,24 метри) траеше седум години и чинеше речиси три милиони евра. Значи, овој Mercedes е поевтин од парите вложени во него. Сепак, тоа и не е некоја утеха.
После реновирањето автомобилот има поминато само 1.112 километри.