Тајните служби секогаш влевале страв кај населението. Биле добро опремени а во таа опрема влегувале и автомобили, вообишаено добро опремени, силни и понекогаш и впешатливи. Легендарните црни автомобили кои втеруваа страв во коски и на странските шпиони и на обичните советски граѓани ги има во поголем број.
Посилни се и побрзи од домашните возила, а биле и во состојба да ги следат и да бркаат возилата Mercedes и BMW на западните дипломати.
Во изборот на возилата на советските и руските тајни служби кои важат за најдобри се најдоа осум автомобили.
1.GAZ-A
Во дваесетите години Министерството за внатрешни рботи на СССР за бркање на криминалците на располагање имало само странски автомобили. Таквите автомобили биле ретки на градските улици, па било невозможно некој да не примети дека го следат. Проблемот е решен во 1932 година со појавата на автомобилот GAZ-A, копија на моделот на Ford А. Сепак, за советските тајни служби тој бил пребавен, неудобен и недоверлив.
2.GAZ-M1
NKVD (претходник на КГБ) во 1936 година го замени GAZ-A со поуспешниот автомобил GAZ-M1. На несреќа, овој автомобил се претвори во тажниот симбол на чистките на Сталин бидејќи агентите по жртвите доаѓале со овој автомобил.
3.GAZ-11-73
Модерната верзија на GAZ-11-73 имала посилен мотор со шест цилиндри (два повеќе од претходникот). Втората светска војна, меѓутоа, значително влијаеше на производството на овој автомобил бидејќи неговите мотори биле попотребни за лесните тенкови и самоодни топови.
4.GAZ M-20G
Првата деценија после војната советските агенти главно користеле запленети германски и американски автомобили. Овие силни системи како и порано не одговарале за неприметно следење на советските улици. Потребите на КГБ биле задоволени во 1956 со GAZ M-20G „Победа“. Надвор од се по ништо не се разликувал од обичниот GAZ M-20, но место 105 км/ч развивал брзина од 132 км/ч.
5.GAZ-23
Во шеесетите години GAZ M-20G бил заменет со GAZ-23 „Волга“, кој бил направен специјално за потребите на КГБ и другите тајни служби на земјите од Варшавскиот пакт. Обичните луѓе не можеле да ги си дозволат овие автомобилите исто како и најголемите комунисти во земјата.
Од 1960 до 1970 година се случија многу митови поврзани со „Волга“. Една „црна Волга“ без возач постојано кружела низ улиците во Полска и Унгарија крадела мали деца и ги продавала на Американците и Арапите. Се разбира сето тоа се митови..
6.GAZ-24-24
Еден од најбрзите советски автомобили GAZ-24-24 развивал брзина од 170 км/ч, а внимателниот набљудувач лесно го разликувал моделот на КГБ од обичниот цивилен. Автомобилот на тајните служби бил нешто понизок поради дополнителните две издувни цевки, кои на крајот биле споени во една.
7.GAZ-31013
Еден од последните автомобили на КГБ, GAZ-31013 се појавил во осумдесетите години. Во него активно биле следени дипломати, но им служел и на советските лидери.
8.Falkatus
Посе распадот на Советскиот сојуз, руската федерална служба за безбедност (FSB) добила можност да користи најбрзи и најсилни возила во светот и немаше потреба да се развиваат домашни автомобили. Сепак, FSB сеедно продолжува да осмислува возила за своите единици за специјална намена, како овој блиндиран „Falkatus#, кој како да има излезено од стрип, па уште го викаат и „Бетмобил“.