Какво возило може да купите за 10.000 евра?

ОБЈАВЕНО НА:

Само три бренда во Македонија нудат нов автомобил со цена под 10.000 евра. Кај некои постојат акции каде за таа сума би добиле модел што вообичаено вреди повеќе и има плус опрема. Но, што ако токму сега треба да решите? За што би се одлучиле?

Одлуката да се купи нов автомобил секогаш носи дилема: Каков автомобил? Колку пари? Бензин или дизел? Градски или семеен…. Нов или половен? Но, секогаш на крајот една од пресудните одлуки е цената.
Цените на возилата се во пораст, а производителите поскапувањето го оправдуваат со квалитетот и со градената технологија. И некогаш и навистина е така.

Но, доколку сега се решите да купите нов автомобил во Македонија, ќе имате пребарување на интернет по страниците на македонските продавачи, па јавување, па тест возења, па споредувања на опрема. Желбите и реалноста секогаш биле на спротивната страна. Кога ќе ја најдете заедничката страна тогаш ќе можете и да го имате автомобилот што го посакувате.

Продажбата на нови автомобили во Македонија повторно е во пад, па секој месец се бројат само по неколку стотина. Точната бројка на продадени, брендот и моделот веќе подолго време ги нема како податок кај нас. Причината е што импортерите веќе не сакаат да ги споделуваат меѓусебе податоците, па најчесто продажбата се споредува со бројот на увезени возила, оние што се оцаринети.

Сепак, имате 10.000 евра буџет и сега се размислувате што можете да купите за тие пари? И сакате тоа да биде ново возило.
Па ние малку прошетавме по салините, малку „погуглавме“ по сајтовите на македонските импортери, ги прегледавме регуларните ценовници и онаму кад епостојат акции. Нормално е дека кога ќе дојдете во салон, ќе се обиете и да се исценкате да добиете попуст. Некогаш тоа помага.. Ама то ако не сте таков тип, и едноставно гледате, решавате и купувате…

Само три автомобилски брендови во Македонија во своите ценовници нудат модели со цена што е под 10.000 евра. Тоа е Toyota Aygo, Mitsubishi Space Star и Fiat Panda. Ако сакате малку да ќарите сега за тие пари можете да купите и акциски модел на Citroen C1, или подобро опремена Panda.

За се друго ќе ви треба над 10.000 евра…

Што во моментов се нуди на македонски пазар за овие пари.

Toyota Aygo – редовна цена 10.290 евра ( акциска цена – 8.990 евра)
Модел – Toyota Aygo X
Сериска опрема – * ABS+EBD, * Систем за електроснак стабилност VSC * Систем за помош на нагорнина HAC, * воздушни перничиња за возач и совозач, * странични воздушни перничиња, * воздушни завеси * предупредувачки сигнал за не користење на ремени на предни седишта * ISOFIX за детско седиште *вилан регулиран по висина * електричен серво волан * задни седишта со 2 потпирачи за глава * преклоплива задна клупа *дигитално радио ( DAB) со 4 звучници * bluetooth, USAB & AUX приклучок * мануелна клима, * LED дневни светла * LED задни светла * браници во боја, * предни електрични прозори * отварање багажник на копче * централно заклучување со далечинско * контроли н ауправувач за аудио систем и телефон.
Гаранција: Фабричка гаранција од 6 години или 200.000 километри, антикорозивна гаранција – 12 години.

Citroen C1- – редовна цена 10.490 евра
Акциски модел – 9.990 евра
Citroen C1 Feel VTi 72 KS
ABS + REF + AFU системи за безбедно сопирање, * ESP системи за безбедно управување, * Воздушни перничиња за возач и совозач со можност за деактивирање на совозачкото, * Странични воздушни перничиња за возач и совозач, * Воздушни завеси, * LED дневни светла, * Isofix,
* Мануелен клима уред, * Електрика на предни прозори, * Централно заклучување со далечинско, * Браници во боја на каросерија, * Радио MP3 со 4 звучници, USB, * Серво управувач, * Предупредувачки сигнал за сигурносен појас, * Систем за контрола на притисокот на пневматиците, * Преклоплива задна клупа со наслони за глава, * Возачко седиште со висинска регулација, * Резервно тркало * Специјална боја – Црвена, Rouge Scarlet * Управувач обложен во кожа *Челични тркала 15“ *Connect Radio на 7“ екран чуствителен на допир (Bluetooth + USB + MirrorLink & AppleCar)


Fiat Panda – редовна цена 9.990 евра
Fiat Panda 1.2 POP
Сериска опрема – * Сопирачки ABS + EBD, * далечински команди за отварање/затварање, * висинско подесување на волан, * мануелен клим ауред * електрика на предни прозори, * греење на задно стакло * ESP, *челични тркала со украсни капаци, * електричен серво волан, * делива задна клупа, * воздушни перниче за совозач, * сензор за надворешна температура, странични воздушни завеси, систем за контрола на притисок во гумите, * мало резервно тркало, * 12v приклучок, * браници во боја на каросерија, * воздушни завеси

Fiat Panda Easy 1.2 69 KS
Редовна цена – 10.790 евра (акциска цена 9.290 евра)
* Сопирачки ABS + EBD, * далечински команди за отварање/затварање, * висинско подесување на волан, * мануелен клим ауред * електрика на предни прозори, * греење на задно стакло * ESP, *челични тркала со украсни капаци, * електричен серво волан, * делива задна клупа, * воздушни перниче за возач и совозач, * сензор за надворешна температура, странични воздушни завеси, систем за контрола на притисок во гумите, * мало резервно тркало, * 12v приклучок, * браници во боја на каросерија, * Радио со ЦД, МП3 * висинска регулација на возачко седиште * надолжни кровни носачи * електрична регулација и греење на надворешни ретровизори


Mitsubishi Space Star – редовна цена 9.180 евра
Модел: Space Star 1.2
* Контрола на Активна Стабилност (ASC) со Контрола на пролизгување (TCL) * Систем за сопирање против блокирање (ABS) со Електронска Дистрибуција на силите за сопирање (EBD) * Систем за помош при сопирање (BAS) * Систем за помош при тргнување на нагорнина (HSA) * Систем за сигнализација при ненадејно сопирање (ESS) *Возачко SRS предно воздушно перниче * Совозачко SRS предно воздушно перниче со брава за исклучување * Возачки и совозачки странични и завесни перничиња * ISO-FIX приклучоци за детско седиште x 2 *
TPMS (Систем за мониторинг на притисокот во пневматиците) * Задно светло за магла (Возачка страна) * Електрично подесиви надворешни ретровизори * Надворешни ретровизори во боја на каросеријата * Серво управување * Висинско подесив управувач * Патен компјутер * Мануелен клима уред * Полен филтер * Радио FM, CD, MP3, УСБ, AUX, 4 звучници * Предни прозори со електрочно отворање * Централно заклучување на вратите со далечинска команда * Висински подесиви појаси (возачки и совозачки) * Сензор за светла * Сензор за дожд со автоматски бришач * 165/65R14 пневматици, со челични фелни со раткапни * Сет за репарирање на пневматик

Нема да коментираме кој модел најмногу се исплаќа за парите, зошто некогаш купувачот „се купува“, со бојата, со брендот или мали детали. Но, секако дека има разлика и меѓу овие модели, а мали се разликите во парите..

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK