Кинезите стануваат сериозен играч: Great Wall Motor инвестира 460 милиони евра во Русија

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилскиот гигант Great Wall Motor (GWM) објави дека како резултат на специјален договор за инвестиции (SPIC) со руската влада, компанијата има намера да инвестира околу 460 милиони евра за изградба на целосно нов производствен комплекс на територија на земјата.

Основната идеја на компанијата е целосна локализација на производствениот процес на основните агрегати и елементи вклучувајќи и мотори, електронски кутии, секундарни системи и друго.

„Потпишувањето на SPIC е важен стратешки план на GWM за долгорочен развој во Русија, што дополнително ќе ја забрза локализацијата на производството на GWM во Русија”, коментираат од Great Wall Motor.

Фабриката на Great Wall Motor во Uzlovaya Industrial Park во Тула е најголемата инвестриција на автомобилската компанија на странски пазар и целосно реализирање на проектор со нова инвестиција. Се очекува да одземе вкупно четири години.

Годишниот капацитет на објектот ќе биде околу 150.000 автомобили, а таму во моментов се произведуват Haval F7, Haval F7x, Haval H9 и други. Во првите осум месеци од 2020 година, продажбите на Haval во Русија се зголемиле за 75 проценти во споредба со истиот период во 2019 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK