Кинезите со најкреативна казна за оние што го кршат законот во сообраќајот

ОБЈАВЕНО НА:

Ако возите со долги светла во кинескиот град Шенжен или ве фатат дека возите со долги светла додека во пресрет ви доаѓа друг автомобил, морате да седнете на посебна фотелја пред полициското возило и цела минута да гледате во неговите вклучени долги светла.

Во некои  држави спроведувањето на законот не е предмет на контрола од страна на опозицијата или граѓанските здруженија , па и законодавците се многу покреативни. Единствената казна во кинескиот град Шенжен е воведена во 2014 година. Притоа има можност и за поинаква казна, а тоа е еден казнен поен или да бидат платени 40 евра.

Сепак, најинтересната казна е да се гледа во долги светла. На некој начин тоа е казна „око за око“ односно „долго светло“ за „долго светло“. После светлосната казна и привременото слепило на возачите сигурно не им е до повторување на слични сообраќајни прекршоци.

Кога во 2014 година била воведена оваа канз брзо била и повлечена бидејќи граѓаните се бунеле, но проблемите со долгите светла толку ескалирале што оваа казна повторно е воведена и сега сите ја поздравуваат. Едноставно, со Кинезите нема шега.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK