Првиот човек на Geely, Ли Шуфу сака подлабока соработка со Daimler, компанија во чија сопственост е брендот Mercedes.
Ова го пренесе Ројтерс пренесувајќи ја и неговата изјава според која тој смета дека со соработка ќе може да се надмине кризата од коронавирусот која ја погоди автомобилската индустрија.
Тој ја потенцираше досегашната успешна соработка во однос на Volocopter, летечкото такси како и Smart кој прераснува во премиум бренд за мини автомобили.
Инаку Geely веќе поседува 9,96% од сопственоста на Daimler, а заедно работат и на проекти поврзани со брендот Smart. За потсетување, овој кинекси производител е мнозински сопственик на брендовите Volvo, Polestar, Lotus, Proton и Lynk&Co.