Кинезите против возилата на фосилно гориво

ОБЈАВЕНО НА:

Кина ќе постави краен рок за производителите на автомобили да престанат со продажба на возила со фосилни горива во таа земја. Така Кина ќе стане најголем пазар кој ќе го направи овој потег и ќе го забрза влезот на пазарот на електричните автомобили, предводен од компании како BYD Co. и BAIC Motor Corp.

Син Губин, заменик-министер за индустрија и информатичка технологија, вели дека владата работи со регулаторните органи за одредување распоред за крај на производството и продажбата. Овој потег ќе има големо влијание врз животната средина и растот на кинеската автомобилска индустрија, изјавил Син на автомобилски форум во Тијанџин во саботата.

Втората по големина економија во светот е посветена на ограничување на емисиите на јаглерод до 2030 година и ограничување на загадувањето на воздухот. На овој начин, Кина ќе се приклучи на земји како Велика Британија и Франција, кои сакаат да ги отстранат бензинските и дизелски мотори од патиштата. Претстојната забрана на автомобилите со мотори со внатрешно согорување ќе ги стимулира локалните и светските производители на автомобили да се фокусираат на воведувањето на повеќе електрични автомобили со нулта емисија, кои ќе помогнат во чистењето на големите градови од смог.

Неодамна Велика Британија најави дека ќе воведе забрана за продажба на автомобили на бензин и дизел од 2040 година. Пред тоа и Франција најави сличен план, чија цел е да се намали загадувањето на животната средина и да ги исполни заложбите на Парискиот договор за ограничување на глобалното затоплување до 2 степени Целзиусови. Во меѓувреме, Норвешка и Холандија, исто така, планираат да стават крај на автомобилите со фосилни горива.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK