понеделник, 25 декември, 2025 година

Кинeзите покажа воз што се движи со 600 км/ч (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Новиот лебдечки воз, кој може да достигне брзина од 600 км/ч е чекор поблизу до реалноста во Кина. Пред неколку дена прототипот на најбрзиот кинески воз, движејќи се низ магнетното перниче (Маглев) беше претставено во источниот кинески град Кингдао. Изработен е од државната Кинеска железничка компанија (CRRC), која е најголемиот светски снабдувач на железничка опрема, а треба да влезе во трговска експлоатација во 2021 година откако ќе ги мине тестовите.

Според производителот возот ќе го промени целосно раснспортот во Кина, а ќе го пополни јазот меѓу железничкиот и воздушниот транспорт.

- Advertisement -

„Еден лесен пример ќе ни објасни сè кога ќе се земе предвид времето. Патувањето меѓу Пекинг и Шангај со авион трае 4,5 часа со авион, околу 5,5 часа со високо квалитетна железница, а со новиот висококвалитетен Маглев ќе бидат потребни 3,5 часа“, вели заменикот на главниот инженер во CRRC, Динг Сансан.

Возовите на Маглев користат магнетно одбивање за да лебдат на земјата, со што се намалува триењето и го тера да се движи напред. После три години технички истражувања изработен е лесен и висококвалитетен воз, кој поставува техничка основа за изработка на пет комплети магнетни инженеринг прототипови.

Новиот прототип на Кина нема да биде првиот воз кој ќе ја надмине границата од 600 километри на час. Претходно воз на јапонската железница ги постигна рекордните 603 км/ч на експерименталната писта на Јаманаши во 2015 година.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја