Кинезите подготвуваат тактика за напад на Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Кинескиот автомобилски гигант Chery Automobile најави дека за неколку години ќе лансира во Европа целосно нова марка на автомобили. Компанијата ќе го направи првиот чекор за време на меѓународниот саем во Франкфурт следниот месец, кога ќе ја претстави и пред производствена верзија на својот прв европски продукт- компактен SUV модел.

Од Chery Automobile коментираат дека во моментов компанијата ја анализира ситуацијата на главните пазари, и дека ќе изградат и развоен центар во Европа.

Од компанијата најавуваат исто така, дека за неколку години ќе нудат во Европа автомобили од различни сегменти, ќе бидат електрифицирани, вклучувајќи чисти електрични погони, плаг-ин хибриди и чисти хибриди.

За минатата година, групата Chery имаше продажбата на над 700.000 возила (пораст од 28 отсто), при што околу 100.000 од нив, што е еднакво на речиси 30% од вкупниот извоз на кинеската автомобилска индустрија, биле реализирани надвор од земјата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK