Кинезите најмногу сакаат европски бренд, а тоа е..

ОБЈАВЕНО НА:

Во текот на последните две децении Кина стана водечки пазар за голем број светски производители на автомобили. Иако локалните компании нагло се зголемуваат, странските фирми сè уште доминираат на пазарот.

На прво место според продажбата во 2017 година е Volkswagen со испорачани 3,14 милиони автомобили. Водечките брендови се моделите Lavida и Phideon, а фактот дека дизелот не игра голема улога во Кина, значително му помогна на VW за да гоизбегне земјотрес по аферата Дизелгејт.

Второрангирана е Honda со 1,42 милиони испорачани возила во 2017 година, со што Кина повторно беше најголемиот пазар за производителот. Дури н атрето место е локален производител – Geely кој во 2017 година испорача 1,25 милиони автомобили, што претставува неверојатен пораст од 61 отсто во однос на 2016 година.

Изненадувачки или не, четврти е Buick, и американскиот бренд токму во Кина е одличен со продадени 1,22 милиони автомобили во 2017 година.

По Buick, следуваат Toyota, Nissan, Changan, Baojun, Haval и Ford.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK