Кинезите купуваат најмногу електрични возила, Бразилците најмалку

ОБЈАВЕНО НА:

Популарноста на електричните автомобили од година во година е сѐ поголема и поголема, а за тоа говорат и официјалните бројки според кои продажбата постојано бележи зголемување. Така минатата година со повеќе од еден милион продадени електрични автомобили беше убедливо најуспешна, а во првиот квартал годинава забележана е далеку поголема продажба во однос на истиот квартал минатата година.

Со ова низ патиштата ширум светот сега се возат над 3 милиони електрични автомобили, бројка што секако дека не е за потценување.

Според истите тие податоци кои се всушност објавени од страна на Меѓународната агенција за енергија, најмногу електрични автомобили минатата календарска година се продадени во Кина и тоа речиси 579.000 автомобили што е речиси двојно повеќе во однос на САД. Во Франција се продадени 118.770 возиладодека Норвешка е рангиранана четвртата позиција со продадени 62.260 возила.

По оваа петорка на листата следат Германија, Јапонија и Велика Британија со над 50 илјади продадени електрични автомобили, а потоа со малку над 2 илјади продадени автомобили следи Австралија и Индија. Во топ 10те земји со најмногу продадени електрични автомобили, најмалку продадени има во Бразил и тоа само 360 автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK