Иако Кинезите почнаа да се откажуваат од копирањето на познатите модели од производителите од западот и создаваа сопствени дизајн центри со водечки дизајнери од Европа очигледно дека уште има компании кои не се откажале од старото „copy-paste“.
Zotye има нов клон, а се работи за моделот Т900, кој е копија на Range Rover Sport. Тоа не и е првото „крадење“ бидејќи претходно ги клонираа на ист начин и моделите како Volkswagen Touareg, Audi Q5, Porsche Macan и Mazda CX-4.
Новата кинеска копија се нарекува Zotye T900 и по димензии е речиси идентична со оригиналот.Во деталите има мали отстапувања, но целиот изглед на возилото, пропорциите, ретровизорите го издаваат копирњето и двојникот уште оддалеку може се помеша со класиниот британски луксузен теренец.
Цнатре автомобилот е „речиси оригинален“ или поточно налик на британскиот модел, но повторно се наоѓаат одредени делови кои наликуваат на модели на Mercedes и Porsche на пример.
Овој автомобил е и одговор на прашањето, зошто, сепак, во Кина ги копираат странските успешни модели? Клучот е во цената. Копијата на возилото чини 23-24.000 долари, додека оригиналот чини 149.000 долари. На овој начин Кинезите се радуваат на евтино возило.