вторник, 25 декември, 2025 година

Кинезите ќе ја возат втората генерација на Hyundai Mistra

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

На семот за автомобили кој во моментов се одржува во кинескиот град Гуангжу, Hyundai ја претстави втората генерација од моделот Mistra која од следната година ќе ја замени првата претставена во 2013 година.

Станува збор за компактен седан од C сегментот чиј примарен пазар е кинескиот каде конкурира на Honda Crider, Ford Focus, Nissan Sentra и Kia Forte.

- Advertisement -

Дизајнот е целосно нов односно нема буквално ниту една трага од првата генерација.

Во поглед на димензиите, втората генерација е за малку порасната. Должината изнесува 4.780 мм, ширината 1.815 мм, висината 1.460 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.770 мм, исто како и актуелниот модел.

На кинескиот пазар ќе бидат понудени три верзии, во поглед на моторот. Тука е 1,8 литарскиот атмосферски бензински мотор со 143 КС, 1,5 литарскиот турбо бензински мотор со 170 КС како и електричната верзија со 135 kW однсоно 184 КС и 310 Nm обртни моменти.

Електричната верзија располага со батерија од 56,5 kWh која за 40 минути се полни до 80% од вкупниот капацитет. Благодарение на истата овозможена е автономија од 520 км.

Производството на овој модел почува на почетокот на следната година во Пекинг, а ќе се продава исклучиво на кинекскиот пазар како и околните земји. Цената засега останува непозната.

 

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја