Кинеска компанија што произведува облека, обувки и чанти користела лого многу слично на BMW за што ќе треба да плати казна од 432.000 долари. Дури и името на компанијата било слично, BMN, а била основана во 2008 година.
Во текот на годините логото било дотерувано, и многу наликувало на она на BMW.
Името на фирмата што била регистрирана било Deguo Baoma Group (Int’l) Holdings Limited, што во превод е исто како и на Германски BMW Group (Int’l) Holdings Limited.
Кина е земја во која им анајмногу прекршување на интелектуалните права и многу компании имаат поведено судски спорови со локални фирми. На почетокот на декември највисокиот суд во Кина пресуди во корист на кошаркарката легенда Мајкл Џордан во спор што траеше долго време, а беше поврзан со локална компанија за спортска опрема што ја користеше кинеската верзија на неговото име, а без негова согласност.