Кинескиот ривал на Rolls-Royce и Maybach и официјално е во продажба

ОБЈАВЕНО НА:

И официјално Кина може да се пофали дека има автомобил конкурент на Rolls Royce и Maybach. Станува збор за моделот H9 на кинескиот производител Hongqi кој и официјално се појави во продажба.

Овој луксузен автомобил чија должина е нешто над 5 метри несоменно дека екстериерно и ентериерно може да парира на конкурентите. Дизајнерската филозофија која во целост ги пресретнува стандардите на премиум класата е имплементирана од страна на Жил Тејлор кој во 2018 година се приклучи на кинескиот производител кога и ги напушти редовите на Rolls Royce.

LED Matrix светла, напредна технологија за безбедност, сигурност и асистенција на возачот, подесувачки задни седишта со греење и масажер, LED екрани на задниот дел од предните седишта, е само дел од опремата која доаѓа со овој атрактивен автомобил.

Во понудата овој автомобил е достапен со 2,0 литарски бензински мотор со 252 КС како и помоќниот 3,0 литарски V мотор со 272 КС. Според спецификацијата на произвдоителот, до 100 км/ч забрзува за речиси 8 секунди што не е според “стандардите” на денешните автомобили чиј забрзувачки перформанси се далеку поголеми.

Овој автомобил во овој период ќе се продава само во Кина, но амбициите на FAW, компанијата која го поседува брендот Hongqi се тој да се продава на глобалниот пазар.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK