Кинески напад на Европа: Доаѓа електричниот BYD Han EV

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилскиот гигант од Кина, BYD објави информација дека компанијата почнува со продажбите на целосно електричниот флагман Han EV на територијата на Европа.

Се работи за автомобил кој е опремен со иновациска технологија за батерии Blade Battery.

Електромобилот BYD Han EV е во состојба да понуди можност за забрзување од 0 до 100 км/ч за 3,9 секунди, со слободен опсег на движење до 605 километри, како и интелигентен и самообучувачки автопилот DiPilot, кој може да се користи и од подобрените можности за пренос на податоци на мобилните 5G мрежи.

BYD Han е и првиот кинески сериски автомобил, кој е опремен со интелигентен сопирачки систем IPB Intelligent Integrated Brake System на Bosch.

Од компанијата коментираат дека очекуваат цената на BYD Han EV, кој ќе биде лансиран на кинескиот пазар на крајот на јуни годинава да биде меѓу 45.000 и 55.000 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK