Кинески Hongqi ќе се произведува во срцето на автомобилска Италија

ОБЈАВЕНО НА:

Кинеските производители Silk EV и First Automobile Works (FAW) објавија дека ќе започнат со дизајнирање и производство на супер спортски автомобили во срцето на автомобилска Италија – регионот Емилиа-Ромања. Во овој регион, кинескиот производител ќе им се приклучи на Ferrari, Lamborghini и Pagani кои веќе произведуваат автомобили во овој регион.

Заедничката компанија основана од страна на Silk EV и FAW најпрво ќе се однесува на производството на хибридниот хајперавтомобил Hongqi S9, а потоа и на дизајн, развој и производство на други суперавтомобили од ултра-премиум класата.

hongqi-s9-hybrid-hypercar

На овој амбициозен план, некои експерти гледаат на геополитичка игра и сметаат дека алармот треба да биде вклучен. Имено, самата инвестиција на голема врата ќе го донесе кинескиот капитал во Италија, кој од година во година се зголемува се повеќе и повеќе.

BBC потсетува дека Италија беше првата земја која се најде на проектот “Патот на свилата”, кој има за цел економско инвестирање на Кина во земји од Азија, Блискиот Исток и Европа.

Секако, ова за фановите на автомобилизмот ништо не значи, но значи и многу за ранливата италијанска економија која ќе добие “инјекција” од околу милијарда евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK