Кинески Geely сака да го купи британски Aston Martin

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот кинески производител на автомобили Geely планира да го купи британскиот бренд Aston Martin.

Оваа вест доаѓа откако пред нешто повеќе од еден месец Aston Martin објави дека е во преговори со потенцијален инвеститор, а при тоа не се откриваат многу детали околу оваа намера на Geely.

Geely веќе поседува еден британски спортски бренд. Станува збор за Lotus кој откако стана дел од Geely бележи добри продажни и финансиски перформанси.

Претходно, оваа кинеска компанија која е основана во 1986 година купи речиси 10% од акциите на Daimler, а во своето портфолио во целосна сопственост го има брендот Volvo.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK