Кинески бренд кој е 50 отсто сопственост на VW ќе продава електрично возило во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Кинескиот производител JAC Motors кој 50% е во сопственост на Volkswagen Group започна со продажба на моделот E-S2 и во Европа.

Станува збор за целосно електричен кросовер кој според WLTP стандардите со едно полнење на батериите поминува до 275 км.

Располага со батерија која е развиена од страна на Samsung, и која на полнач со брзо полнење, полни 80% од капацитетот за околу 60 минути.

Должината изнесува 4.135 мм, ширината 1.750 мм, висината 1.560 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.490 мм.

Моделот е веќе достапен за купување во повеќе европски земји, а хрватските медиуми пренесуваат дека во оваа земја почетната цена изнесува 32.765 евра.

Неелектричната верзија засега нема да биде понудена во Европа. Истата се произведува и продава само во Кина, Мексико и околните земји.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK