Кинеска битка за Daimler

ОБЈАВЕНО НА:

Минатата година доста популарен беше обидот кинеската групација Geely да откупи голем дел од акциите на Daimler. На крајот се задоволи со нешто ситно. Сега уште една кинеска компанија планира купување на акциите на Daimler. Станува збор за BAIC (Beijing Automobile Group Co) компанија која веќе поседува акции кај германскиот производител.

Во моментов BAIC поседува 5% од акциите, а планира до следниот месец да ја зголеми сопственоста за двојно односно да докупи уште 5% од акциите. Со тоа, оваа компанија ќе прерасне во најголемиот кинески акционер во Daimler поминувајќи го Geely кој во моментов поседува 9,69% од акциите.

Покрај овие кинески компании, акции во Daimler поседуваат и Renault (1,54%), Nissan (1,54%), Kuwait Investment Authority (6,8%) како и други приватни и институционални инвеститори.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK