Кинеска банка му даде заем од 565 милиони долари на Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

Дека на Tesla му требаат пари, како и на секој друг производител во моментов не е тајна. Но за разлика од другите, Tesla се чини си ги обезбеди потребните.

Вестите кои доаѓаат од Кина, а ги потврди американскиот производител, велат дека Tesla доби заем од нешто повеќе од 565 милиони американски долари. Овие финансии Tesla ги доби од кинеската ICBC банка (Industrial&Commercial Bank of China).

Овие финансии Tesla ќе мора да ги инвестира во својата фабрика во близина на Шангај каде во моментов тече редовното производство. Токму и оваа фабрика во моментов е центарот на производството на Tesla автомобили откако оние во САД се затворени поради коронавирусот.

Оттука и интересот на кинеските власти да помогнат на американскиот производител од кого очекуваат во овие месеци да го зголеми извозот на Tesla автомобили од Кина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK