Кина вложува во автомобили со вештачка интелигенција

ОБЈАВЕНО НА:

До 2020 година повеќе од половина од новите возила во Кина ќе имаат вградено вештачка интелигенција. Покрај тоа планот е да бидат покриени дури 90 проценти од големите градови и магистрали со безжична мрежа која ќе може да поддржува „умни“ превозни средства.

Амбициозниот план предвидува до 2025 година, Пекинг да стане и светски лидер во областа на вештачката интелигенција. Една од потцелите е до 2020 година да биде крената општата состојба на основните индустрии, кои се поврзани со вештачката интелигенција до над 22 милијарди долари.

Планот е да биде изградена национална екипа со претставници од Државниот совет. Овој тим ќе раководи со иновацијата во областа на паметните автомобили. А кога Кинезите нешто ќе замислат тогаш остварувањето е загарантирано, порано или подоцна.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK