Министерството за индустрија и информтички технологии предлага објавување на специјалните зони во кои ќе биде забрането движењето на автомобили со мотори на бензин. Во проектот се предвидува локалните власти да направат анализа на факторите како пазарна побараувачка и нивото на емисијата на штетни гасови пред да донесат одлука дали да учествуваат во експериментот.
Во текот на март провинцијата Хајнан од Јужна Кина објави дека планира да ја продолжи продажбата на возила со бензин мотори до 2030 година. Бурниот развој на индустријата и експлозивното зголемување на бројот на автомобили во земјата донесе до влошување на екологијата што беше тревога за властите.
Властите во Кина ги охрабруваат продажбитена електромобили во обид да се најде начин за намалување на загадувањето на животната средина. Локалната автомобилска индустрија се сомнева дека тоа може да допринесе за целосен отказ од традиционалните мотори со внатрешно согорување поради климатските разлики и степенот на загадување во регионите.