Кина го забрани движењето на Tesla автомобилите во близина на стратешки објекти

ОБЈАВЕНО НА:

Поседувањето на Tesla автомобил во Кина значи дека не можете секаде да се движете. Ова следува откако кинеската армија го забрани движењето на овие автомобили во близина на некои објекти.

Движењето е забрането во близина на воените бази, армиските објекти и други објекти и територии во посед на воените и безбедносните служби. Причината за ваквата одлука е поради сомнежот за прибирање на податоци од страна на системот на Tesla вграден кај истоимените автомобили. Дополнителна причина се и камерите кои веќе се поставени на автомобилите.

Блумберг и Вол Стрит Журнал, веќе објавија фотографии од одлуката на кинеската влада за рестрикции поврзани со автомобилите на Tesla.

Оваа одлука предизвика најразлични реакции на социјалните мрежи. Едни додека ја осудуваат ваквата одлука, други наведуваат дека истата е во ред и го штити суверенитетот и безбедноста на Кина.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK