Kia започна со производство на Ceed во Русија

ОБЈАВЕНО НА:

Јужнокорејскиот производител Kia објави дека го започнува производството на моделот Ceed во руската фабрика лоцирана во Калининград. Во погонот во Автотор привршија и последните подготовки за производството на најпродаваниот модел на Kia во Русија, чија продажба ќе започне во септември годинава.

Во оваа фабрика јужнокорејскиот производител веќе ги произведува моделите Cerato, Mohave, Optima, Picanto, Quoris, Sorento, Soul, Sportage и Stinger, а новиот Ceed ќе биде наменет за пазарот во Русија и останатите земји од CIS.

Првата генерација на Ceed се појави во 2006 година и од тогаш па се до денес е еден од најпродаваните модели на Kia во Европа. Третата генерација премиерно беше претставена во февруари годинава, а саемското деби го имаше на саемот во Женева во март годинава. Производството на оваа генерација во Европа поточно во фабриката во Жилина (Словачка) започна уште во мај, а веќе во одредени земји овој модел е достапен за купување.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK