Kia Stonic подготвен – премиера до крајот на годинава

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот суб компактен СУВ на Kia ќе го носи името Stonic, а Корејците ги објавија и првите цртежи на возилото, иако папарацо фотографите веќе го фатија и за време на тестирање, нормално камуфлиран. Најавено е дека моделот ќе почне да се продава до крајот на годинава.

Stonic е ривал на Nissan Juke и Toyota C-HR. Возилото би требало да се покаже за време на саемот во Франкфурт во септември, а за неговиот развој било задолжено дизајнерското студио на Kia во Јужна Кореја.

Kia Stonic во основа е роднина на Hyundai Kona, иако двата модели ќе се разликуваат меѓусебе. Kia најавува дека нивниот модел ќе донбие ентериер со геометриски дизјанерски форми, како дека ќе нуди голема пространост за својата класа.
Купувачите ќе имаа бројни можности за персонализација на внатрешноста и надворешниот изглед.

Во понудата на мотори најверојатно ќе гоо има 1.4 T-GDI и 1.6 Т-GDI турбо бензинските мотори, како и 1.6 CRDI дизелскиот мотор, кој ќе биде наменет за европскиот пазар.
Неизвесно е дали ќе има понуда на погон на сите тркала, или само на предните.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK