недела, 25 ноември, 2025 година

Kia Stonic доби „благ хибриден погон“ и нови системи за помош на возачот

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Kia Motors и официјално ги претстави новините за кросоверот Stonic, со кој ќе ја зајакне позицијата во B-SUV сегментот во Европа.

Освежениот Stonic сега нуди широк спектар на нови Smartstream погодни, кои ја зголемуиваат ефикасноста на моделот. Меѓу нив Stonic нуди и нов бензински „благ хибриден погон“ со 48V батерија, во кој е сместенa и новата clutch-by-wire интелигентна трансмисија.

- Advertisement -

Надворешноста и внатрешноста на моделот се скоро непроменети, но сепак новите сопственици ќе имаат голем број на можности за песoнализација на Stonic. Тоа се новите комбинации на бои за внатрешноста и на каросеријата, како и новиот 8 инчен екран на допир за мултимедијалниот систем. Покрај овие надградби, тука се и новите високо-технолошки напредни системи за помош на возачот. Отсега Stonic доаѓа со стандардни LKAS – систем за одржување на возилото во лента и FCA – систем за избегнување на фронтален удар.

Претставен на европскиот пазар на крајот на 2017 година, Stonic денес e четвртиот најпродаван модел на Kia (по семејството на моделот Ceed, Sportage и Picanto). Вкупната досегашна продажба во Европа достигна повеќе од 150.000 единици.

Новиот Kia Stonic во Европа се очекува во продажба во Европа во текот на четвртиот квартал на 2020 година, со 7-годишна гаранција и 150.000 километри, вклучена како стандардна за сите модели.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја