Б сегментот станува се поконкурентен, а понудата на субкомпактни СУВ возила се зголемува со новиот Kia Stonic. Набрзо откако од сестринската компанија Hyundai беше покажан моделот Kona, дојде и одговорот на Kia и тоа во Stonic. Toj треба да донесе конкуренција за Nissan Juke, Renault Captur, Opel Moka X, Peugeot 2008…
Новиот Stonic ја дели платформата со Kona и има слични димензии, должина – 4,2 метри, ширина – 1,8 и висина – 1,5 метри. Меѓуоскиното растојание е 2,6 метри. Багажникот има 352 литра, што е во самиот врв во сегментот.
За разлика од провокативниот дизајнерски речник на Hyundai одбран за нивните модели, Kia се реши дизајнот на Stonic да биде „на земја“ и сличен на линијата на другите во понудата. На купувачите ќе им биде понуден избор на двослојна боја со 20 можни комбинации. Целна група на Stonic се припадниците на младите генерации.
Kia ќе нуди и живописни бои за внатрешноста на патничката кабина, додека инструмент плочата ќе го има најновиот инфозабавен систем со Аndroid Auto и Apple Car Play како стандард.
За купувачите во Европа ќе има посебна спецификација на опремата, а од моторите што ќе бидат на располагање се: 1.0 литарски T-GDi турбо со 120 КС, заедно со атмосферски 1,25 и 1,4 литарски мотор. Дизелската понуда е 1.6 литарски мотор што овозможува и најниско ниво на емисија на гасови во рангот на понудата.
Новиот Kia Stonic ќе има многу иновации и помош за возачот, како систем за детекција на возило во мртов агол, автоматско сопирање, препознавање при необично напуштање на линијата на движење…
Официјалната промоција за јавноста е на саемот во Франкфурти, и во третиот квартал од годинава ќе почне и продажбата.