Kia Soul во Европа доаѓа само во електрична верзија

ОБЈАВЕНО НА:

Јужнокорејскиот производител Kia на саемот во Лос Анџелес меѓудругите модeли ја претстави и новата генерација на Soul. Овој автомобил кој првично е креиран за пазарот во САД ќе биде понуден и во Европа, но само во електрична изведба.

За разлика од САД каде овој модел ќе биде понуден со 2.0 литарски атмосферски и 1.6 литарски турбо бензинец, во Европа понудата на Kia ќе ја сочинува само електричната изведба на овој модел, потврдуваат од Kia.

Така електричната верзија ќе има батерија од 64 kWh која е со значително поголем капацитет од електричната верзија од првата генерација. При тоа оваа верзија ќе продуцира 204КС и 395 Nm идентично како и братската Kona на Hyundai.

Електричната изведба како и основната се темели на B-SUV платформата развиена од страна на Hyundai Motors, а која се користи кај неколку модели од овој јужнокорејски производител. Во производство овие две изведби ќе се појават следната година, а не е во моментов позната почетната цена за основниот модел.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK