Трендот на зголемувањето на популарноста на електричните автомобили ја зафаќа и Kia. Тоа го потврдува последната одлука на јужнокорејскиот производител според која моделот Soul во Европа ќе се продава само во електрифицирана верзија.
Продажбата на Soul на европскиот пазар го достигна врвот во 2009 година кога беа продадени 20.169 автомобили. Последните три години бележи тренд на опаѓање. Така минатата година беа продадени само 12.437 Soul автомобили што секако дека не е на очекуваното ниво.
Со ова од јужнокорејскиот производител очекуваат дека ќе успеаат да ја зголемат продажбата преку влегувањето во перспективниот сегмент особено ако се знае дека од минатогодишните 12.437 продадени автомобили, речиси 5.400 се однесувале на електричната изведба на Soul.
Toa e доволен мотив да Kia се одлучи на ваков чекор, а исто така причина плус е значителното зголемување на продажбата на електрични возила во развиените европски земји како и во САД.