Две недели пред официјалната премиера на новиот Kia Sorento, корејската компанија ги објави првите фотографии од новата генерација на својот нов SUV, фокусирајќи се на нејзиниот позрел надворешен дизајн.
Од Kia коментираат дека новото Sorento е постилски од кога и да било, со својот дизајн комбинира остри линии и непрекинати површини за да постигне поизвајано тело од својот претходник.
За внатрешноста на новото Sorento, од Kia споделуваat дека комбинира софистициран дизајн, најсовремени технолошки решенија, супериорна практичност и луксузни материјали. Основни акценти се и 10,25-инчниот централен инфозабавен и мултимедијален екран и 12,3-инчен панел за дигитални инструменти.
Дополнително треба да бидат објавени техничките детали, а нема потврда за моторите што ќе се вградуваат. Од она што досега е објавено и се навестува, од неодамнешните шпиунски фотографии се претпоставува дека овој СУВ ќе има Eco Hybrid што можеби ќе го има и истиот 2,0 литарски турбо и електричен мотор што го има и кај Kia Optima Hybrid од моделската 2020 година.
Повеќе детали се закажани за 3 март 2020 на светсклата премиера на саемот во Женева.