Kia сериозно „напаѓа“ – Niro е најпродаван модел во Холандија

ОБЈАВЕНО НА:

Во април пазарот на нови автомобили во Холандија како и во сите останати европски земји забележа значителен пад. Во текот на тој месец продадени се вкупо 15.157 примероци што претставува пад од 53,7% во споредба со април минатата година.

Со ова, во првите четири месеци вкупната продажба на нови автомобили во оваа земја достинга 118.028 примероци.

Она што ги изненади сите е перформансот на Kia Niro. Овој модел со продадени 690 примероци е најпродаваниот во Холандија за месец април. На оваа позиција Niro се најде пред VW Polo кој е продаден во 431 примерок како и Ford Focus кој оствари продажба од 404 примероци.

Сепак ова не беше доволно за Kia да е најпродаваниот бренд во Холандија. На првата позиција и натаму останува Volkswagen со продадени 1.750 примероци. Kia сега е на втората позиција со продадени 1.642 примероци пред Peugeot на третата позиција со продадени 1.147 примероци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK