Kia се засилува: Ангажираше уште еден дизајнер од BMW

ОБЈАВЕНО НА:

Корејска Kia која е дел од Hyundai Motor Group реши да го засили тимот на дизајнери, и повторно ангажираше човек што работел во BMW. Станува збор за Јохен Паесен кој доаѓа од кинески NIO каде работеше како дизајнер на внатрешност. Но, тој е повеќе познат по својата работа во BMW. Беше лидер при Vision Efficient Dynamics Concept и работеше на 6-Series (f12/13).

Паесен ќе им се приклучи на поранешните колеги, дизајнерот Карим Хабиб и шефот на инжинеринг, Алберт Бирман кои претходно исто така работеа во BMW.
Новиот член на дизајнерскиот дел на Kia претходно работел и на внатрешноста на VW Amarok, што значи дека има навистина големо искуство. Сега ќе биде стациониран во Намјанг, Јужна Кореја во дизајнерскиот центар на Kia а ќе му „одговара“ на неговиот поранешен колега Хабиб кој е висок заменик потпретседател и главен на дизјанерскиот центар на Kia.

Поврзувањето со BMW е уште поголемо бидејќи беше главен за внатрешниот дизјан за BMWi и лидер на проектот за внатрешен дизајн на 7-Series (G11/12) i na M4 GTS.

Задачата на Паесен ќе биде на ги „зајакне можностите на брендот во внатрешниот дизајн за понудата на електрични и електрифицирани возила. Компанијата го ангажира како дел од големите напори за капитализирање на можностите од дизајнот со промовирањето на електрификацијата“.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK