Со Kia Rio корејците сериозно влегуваат во Б сегментот во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

По пет години присуство на пазарот од Kia решија да го заменат моделот Rio и да се вклучат сериозно во борбата во Б сегментот. За разлика од претходникот, ова Rio се произведува во Кореја, и е исклучиво со пет врати. Треба да биде конкурент на Renault Clio, Ford Fiesta и VW Polo. Корејците се решија силно да притиснат на развиените пазари, а моделот ги има сите потребни атрибути да се бори за дел од колачот.

Првата генерација беше промовирана во 2000 година, и со тогаш скромни амбиции. Но, како доаѓаа новите генерации, така се зголемуваше и сериозноста на моделот, неговите очекувања и пред сѐ понудата за оние што ќе решат да го имаат.

Новиот изглед на Rio е настанат во дизајнерските центри во Франкфурт и Ирвине (Калифорнија), во соработка со главниот центар во Јужна Кореја. Рамните линии и мазните површини го прават моделот препознатлив. Сега Rio има подолг преден дел, а поклопецот на моторот, меѓуоскиното растојание и исправениот Ц столб му даваат по самоуверен и поурамнотежен изглед.

Новиот Rio ќе нуди практичност, сигурносна технологија, најнови услуги на поврзување, како и удобно и забавно возење со одлична управливост. Тоа треба да го однесе Rio во самиот врв на класата.

Во понудата на Киа Моторс Македонија ќе има три бензински мотори, и еден дизелски. Бензинските мотори почнуваат со 1.0 T-GDi D-CVVT со 100 КС, потоа 1.25 D-CVVT со 84 КС и 1.4 D-CVVT so 100 KS. Единствениот дизелски мотор е оној 1.4 CRDi WGT со 90 КС.

Ќе има две нивоа на опременост. Цените почнуваат од 11.890 евра.

Kia rio cenovnik i tehnicki podatoci (1)

Следете не и на:

24AUTO NETWORK