Корпорацијата Kia Motors Corporation ги објави своите глобални продажни резултати за март 2020 година, и во месецот што измина се продадени вкупно 226.960 возила што претставува намалување од 6,4 проценти во однос на март 2019 година.
На глобално ниво, Sportage SUV беше на врвот на продажбата на Kia со продадени 28.977 единици, а потоа следат Seltos со 27.806 единици и седанот К3 (Forte) со 21.194 единици.
Во споредба со март 2019 година, продажбата во Кореја се зголеми за 15,3 проценти на 51,008 единици од 44.233 единици. Ова е прв пат во 23 месеци, Kia да продаде повеќе од 50.000 единици месечно на корејскиот пазар од април 2018 година. Неодамна лансираните модели како што е седанот К5 (Optima) претставен во минатиот декември, а и неодамнешниот Sorento SUV придонесоа за зголемување на продажбата.
Продажбата на странските пазари се намали за 11,2% на 175.952 единици од 198.137 единици, како резултат на појава на COVID-19, ослабувајќи ја побарувачката на глобалните пазари. Компанијата, исто така, привремено затвори некои погони во странство за да го спречи глобалната пандемија COVID-19.