Новиот Kia ProCeed претставува третиот каросериски модел во семејството CEED. Третата генерација на модел кој е произведен на препознатливата “K2 платформа” во Жилина, Словачка. Овој ProCeed е автомобилот кој ги тестира правилата на просторот наспроти разновидноста и ја предизвикува перцепцијата на перформансите. Новата гама на Kia ProCeed нуди два впечатливи модели – GT и GT Line.
Сериозноста на Kia на пазарот не се гледа само со обновивање на моделите и нудење на многу повеќе технологија во своит емодели туку и според тоа што се збогатуваат и моделските изведби. Ceed е модел што лани стигна на пазарот во Македонија, а потоа се понуди и караванската изведба. Но, од Kia сметаат дека има уште простор за нови изведби и секако побарувачка. Затоа беше најавен моделот ProCeed, кој се карактеризра со shooting break изведба (спортски караван). Сега истиот е достапен и во Македонија преку продажната мрежа на Kia Motors Macedonia.
Kia првпат влегува во овој сегмент на возила, па затоа и нема големи очекувања. Нема искуство, но има квалитет со кој може да парира. Со Proceed сака да покаже и докаже дека се подготвени и за купувачи кои сакаат нешто плус, да бидат поразлични. Ова што го нудат е комбинација од возбуда и елеганцијата на купе со практична префинетост на спортски караван.
Просторноста е карактеристична за оваа моделска изведба, а доста работено е и на комфорноста за патниците во автомобил. Должината изнесува 4.605 мм, висината изнесува 1.422 мм, а во споредба со актуелната караванска изведба, ProCeed е подолг за 5 мм, но и со поголем клиренс за исто толку мм.
Динамичната линија на покривот со елегантни контури околу цврстата извајана каросерија, дизајнирана за да му го даде на овој модел спорсткиот карактер и сето тоа го заокружуваат 18” тркала од лесна легура, уникатните предни и задни LED светла во вид на коцка мраз, двослојниот заден браник и двете издувни цефки кои го потврдуваат спортскиот изгед на новиот ProCeed, кој претставува уживање да се гледа, но и да се слуша.
Не се изоставуваат и украсните елементи како што се, спортските странични украси во впечатливата црвена боја, црната предна решетка налик на нос од тигар, предниот браник и амблемот GT. Потенцирајќи ја надворешноста на новиот ProCeed, не би ја изоставиле и пространоста. Каросериската изведна на новиот ProCeed доаѓа со 594 литри багажен простор, кој е меѓу најдобрите во сегментот, преклопување на задните седишта и се тоа го заокружува паметната задна врата.
Во понудата ќе има две нивоа, GT Line и GT. Она основното е GT Line и во него ќе бидат достапни три различни мотори: 1.0 T-GDI со 120 КС и 1.4 T-GDI со 140 КС. Оној 1.6 T-GDI со 204 KС као врв на понудата ќе биде дел од GT понудата и тој е со бензински мотор.
Дизелските мотори че бидат само со GT Line опрема, со 1.6 CRDI Мотори со 136 КС. Ќе има мануелен 6 брзински менувач и автоматизиран со 7 степени.
Цените почнуват од 24.990 евра за „најслабиот мотор“ со 120 КС, па се до 33.390 евра за верзијата со 1.6 T-GDI со 204 КС со автоматизиран менувач. За дизлеските верзии треба да се издвојат од 28.990 до 31.490 евра во зависност од менувачот (мануелен или автоматизиран).
Внатрешноста на моделот му пркоси на конвенционалното и ги промовира принципите на впечатливиот дизајн и спортскиот стил. Возбудата на префинетоста се достапни за возачите, но и за патниците. Високиот квалитет на црни седишта во комбинација од антилоп и кожа, сивото шиење на моделот GT со впечатливиот амблем, елегантниот спортски управувач во D-стил (7 степен пренос со двојна спојка од најновата генерација за спортско возење и одлична потрошувачка на гориво) со рачки за менување на степен на пренос, избор за менување на стилот на возење (DMS) контролна табла со 8” екран на допир и систем за навигација, а за потполна удобност ја поседува автоматска контрола на климатизација со дигитален екран и можноста за греење и проветрување на предните седишта, како и греачи за предното стакло со автоматско одмаглување.
Како дел од опремата влегуваат и безжичниот полнач за мобилен, Bluetooth, USB приклучок и JBL Premium Sound System, кој доаѓа со 8 звучници и напредна технологија Clari-Fi за обновување на музиката. Во поглед на безбедностниот систем кој го поседува новиот Kia ProCeed би ги издвоиле паметниот темпомат (SCC), помош за задружување во сообраќајна лента (LKAS), помош за следење на сообраќајна лента (LFA), помош за избегнување од сообраќајна незгода (FCA), предупредување за постојано внимание на возачот (DAW), паметна помош за паркирање и предупредување за сообраќајна незгода од заден вкрстен сообраќај (RCCW).
Динамичното возење, агилноста и чистата моќ се наоѓаат во срцето на забавното доживување кога се вози новиот Kia ProCeed. Агрегатите на двата модели (GT и GT Line) се конфигурирани за максимални перформанси, со суспензија и регулатори за да се додаде авантуристичкото чувство на секое патување.