Автомобилите на Kia имале најмалку дефекти во првите 90 денови од купувањето, покажуваат податоците од последното истражување спроведено од страна на J.D. Power.
Според оваа компанија, Kia е најдобриот бренд во конкуренција на нелуксузните брендови во САД.
Дури четири модели на Киа се најдоа меѓу 10-те најдобри автомобили кои беа рангирани од страна на J. D. Power. На оваа листа се најдоа Rio, Forte, Sportage и Soul. Токму кај овие модели, на 100 продадени автомобили, во првите 90 денови евидентирани се Најмалку недостатоци т.е. дефекти.
Инаку на глобалната ранг листа, во конкуренција на сите производители на врвот се најде Genesis со 63 дефекти, Kia на втората позиција додека Hyundai е на третата позиција. Интересно е што на последното место се најдоа двата брендови на JLR, Jaguar и Land Rover.