Kia повлекува над 600.000 автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Kia повлекува 558.088 возила од сериите модели Niro HEV и Niro PHEV произведени помеѓу 2015 и 2022 година и уште 85.219 возила од Ceed PHEV и Ceed CUV PHEV модели произведени помеѓу 2019 и 2023 година.

Причината за отповикувањето е краток спој во погонот на хидрауличната спојка што може да доведе до пожар.

Во овластените сервиси погонот на хидрауличната спојка (HCA) се проверува и се заменува доколку е потребно како превентивна мерка за минимизирање на потенцијалните ризици.

Дополнително, ќе биде поставен нов HCA осигурувач со помал капацитет за да се намали можноста за термички инцидент.

Source: KBA 14640R, 14641R (Search Rückrufcode: 231113, 240S01)

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK