Kia повикува на сервис над 30 илјади Telluride автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

На почетокот на 2019 година на саемот во Детроит, корејската компанија Kia го претстави својот најголем СУВ, петметарскиот Telluride. Неколку месеци подоцна започна и продажбата, а сега доаѓа и првата лоша вест за јужнокорејскиот производител и сопствениците на овој SUV.

Како што соопшти во официјалното соопштение, Kia, ќе повика на дополнителен сервис околу 30 илјади возила од овој модел поради проблеми со каишите.

Повлекувањето доаѓа по налог на NHTSA (National Highway Traffic Safety Administration) која откри дека проблематични се сите автомобили од овој модел произведени во периодот помеѓу 9 јануари до 5 август годинава во фабриката на Kia Motor во американската сојузна држава Џорџија.

Во спецификацијата на проблемот стои дека каишите не се опремени со функција за автоматско заклучување со што не се исполнуваат важечките регулативи во САД.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK