Kia подготвува „евтин“ електричен седан

ОБЈАВЕНО НА:

Kia тестира целосно нов модел кој ќе се вика EV4. Прототипот навестува смела и аеродинамична надворешност која најверојатно ќе ја содржи дизајнерската филозофија на Kia „Opposites United“. Електричниот модел веќе се тестира и на патиштата во Германија каде папарацо фотографите веќе направиле фотографии.

Позициониран да се натпреварува во растечкиот сегмент на електрични седани, EV4 најверојатно ќе ја сподели својата платформа и компонентите на погонската група со Kia EV3. Ова подразбира фокусирање на ефикасноста и километражата.

Внатрешноста на EV4 се ​​очекува да го одразува минималистичкиот и технолошки ориентиран пристап кој се гледа во другите неодамнешни EV на марката, како што е EV3 на пример.

Додека специфичните детали за перформансите и карактеристиките на EV4 остануваат во тајност, првите погледи се несомнено ветувачки. Се очекува компанијата да го прикаже серискиот модел кон крајот на оваа или почетокот на следната година.

Колку и да биде евтин, цената сигурно ќе му биде околу 40.000 евра. Планиран да се појави на пазарот во 20024 година, веројатно промоцијата на новио тмодел ќе биде на почетокот, н аследната 2025 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK