Кia подготвува девет новитети за следната година

ОБЈАВЕНО НА:

Во 2020 година, Kia  на пазарот ќе се претстави со голем брои новитети. Производителот во 2020 година ќе понуди вкупно девет нови или унапредени варијанти на модели меѓу кои најважниот е потполно новиот Sorentо.

Тоа е познато има меѓу СУВ возилата, кој се очекува на Балканот да се појави во јули, а од корејскиот производител велат дека ќе нуди најмногу што во овој момент има во понудата на Kia.

Од три нови мотори прво ќе биде расположив 2.2-литарскиот CRD дизел со 200 коњски сили, кој ќе добие осумстепен DCT менувач со двократно квачило, а во ноември доаѓа и бензинецот 1.6 T-GDI во верзиите како обичен хибрид (240 коњски сили) и plug-in хибрид со 280 коњски сили.

Вториот како најмноќна варијанта во понудата ќе биде само со погон на сите четири тркала и автоматски менувач. Во компанијата од Кореја велат дека овој plug-in хибри во комбиниран режим просечно ќе емитува само 37 g CO2/km, додека автономијата во возењето на струја ќе изнесува 68 километри.

Sorento ќе биде првиот модел од брендот Kia кој на сопствениците ќе им овозможи отклучување на возилото со помош на мобилниот телефон и самостојно паркирање со помош на паметниот клуч, потоа со приказ на случувањето во мртов агол на дигиталната инструмент табла и уште многу друго.

Електрификација на постоечката понуда

Kia има намера во следните месеци да ја претстави електрификуваната верзија на другите постоечки и идни модели. Напролет доаѓаат караванот Ceed SW и кросоверот XCeed како plug-in hibrid, со автономија на струја до 58 километри.

Kia објавила хронолошки редослед на појавувње на пазарот на новите и унапредени модели:

– e-Soul – јануари 2020.

– Ceed sw и XCeed – plug-in хибрид (PHEV) – април 2020.

– Stinger – унапреден 2.0 T-GDI мотор – мај 2020.

– Sorento (нов модел) – јули 2020.

– Niro на електричен погон (EV), хибрид (HEV) и plug-in хибрид (PHEV) – август 2020.

– Picanto (унапреден постоечки модел) – август 2020.

– Rio (унапреден постоечки модел) – август 2020.

– Stonic (унапреден постоечки модел) – октомври 2020.

– Sorento HEV, PHEV – ноември 2020.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK