Kia почна со производство на хибридот Sorento

ОБЈАВЕНО НА:

Од Kia објавија почеток на производството на новиот хибрид Sorento, првата електрифицирана верзија на иконскиот СУВ преставник на компанијата. Четвртата генерација на Sorento ќе се прави во фабриката на брендот во Кореја, а хибридната, бензин и дизел верзијата ќе се склопуваат на една и иста производствена линија во Hwasung.

Првите хибридни модели се наменети за европскиот пазар, а наскоро се очекува старт и на производството за Северна Америка во фабриката на брендот во Џорџија. За време на својот животен циклус, третата генерација Sorento е горд носител на редица награди за квалитет. Новиот модел е конструиран според највисоките инженерски норми и стандарди за квалитет.

Речиси 20 години Sorento  е еден од значајните модели во производствената понуда на брендот Kia. Над 3 милиони се реализирани на меѓународните пазари од појавата во 2002 година. Продажбите за Европа ќе почнат во октомври годинава, а од крајот на 2020 година Sorento ќе се нуди и во plug-in хибрид верзија.

Новиот хибрид Sorento
Sorento е првиот модел на Kia, кој е конструиран на СУВ платформа од новата генерација. Структурата на платформата дозволува интеграцијата на новиот патентиран Smartstream турбо хибриден мотор. Новиот 1.6 литарски T-GDi мотор вклучува електричен мотор од 44.2 kW и литиум-јонска полимерна батерија од 1.49 kWh.

Комбинираната максимална моќност од 230 коњски сили и вртежен момент од 350 Nm обезбедуваат ниска емисија и висока ефикасност на нвиот електрифициран погонски агргат. Интелигентната конфигурација на новата платформа означува дека батеријата е поставена под седиштата на патниците без да одзема простор од кабината или од делот на багажникот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK