2017 Kia Niro hybrid

Kia Motors со рекордна продажба во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Според податоците на европската aсоцијација на производители на автомобили АЦЕА, во првите четири месеци од годинава Kia Motors постигна нов продажен рекорд на европскиот пазар, односно 28 земји членки плус земјите од ЕФТА.

Од 1 јануари до 30 април годинава се продадени 166.266 возила, што претставува пораст од 11,7 отсто во однос на истиот период лани. Тоа е значително повеќе од просечниот раст на продажбата на европскиот пазар во истиот период што избесува 4,5 отсто.
Kia Motors првпат има пазарен удел во Европа од 3 отсто, во однос на ланските 2,8 отсто. Само во април биле продадени 41.279 возила, што било 3,4 осто од пазарниот удел.

Март беше пресвртница во историјата на Kia Motors бидејќи првпат беа продадени повеќе од 55.000 возила во еден месец.
Две клучни подрачја биле главни за растот на продажбата на Kia Motors, а тоа се лансирањето на нови модели и големиот избор на нови хибридни и електрични возила.

Новиот Kia Rio во Европа стигна на почетокот на годинава и веднаш стана хит меѓу купувачите. Во однос на истиот период лани сега продажбата на Rio е зголемена за 22 отсто (28.025 возила во периодот јануари – април 2017).
Kia Picanto исто така е успешен, а во Европа годинава веќе најде 22.443 нови сопственици, односно има скок од 23 отсто во продажбата. Овие податоци се однесуваат на продажбата на стариот модел, и новиот што се промовираше.

Возилата со алтернативен погон се подрачје кад еимаголем скок. Продажбата на хибридни и електрични возила во првите четири месеци во 2017 во однос на 2016 е зголемена за повеќе од девет пати. Најголем придонесе за експанзијата на продажбата носи новиот хибриден кросовер Kia Niro (10.339 возила), Optima Plug-In Hybrid (307 возила), и електричниот Soul EV (1.487 возила). Kia Niro иако нема претходник веќе сега стана петти најпродаван модел, зад Picanto, Rio, Sportage и Cee`d.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK