Киа Моторс отвора нови салони низ Македонија – првиот во Штип

ОБЈАВЕНО НА:

Времето на криза во автомобилската индустрија во Европа е веќе минатот, а на такви услови полека се привикнуваме и на нашиот пазар. Увозниците на автомобили веќе размислуваат за убави теми, меѓу кои и ширење на својата продажна мрежа надвор од Скопје. Тоа е знак дека се очекува заживување на продажбата на нови автомобили и во другите делови од државата. Меѓу оние што веруваат во пазарот во Македонија, но и во сопствените производи е Киа Моторс Македонија.

Увозникот на возила од овој бренд веќе почнаа со остварување на плановите за ширење на бизнисот, и отворање на нови продажни салони. Покрај оној во Скопје, сега отворија и уште еден, во Штип. И тука нема да застанат. Во план е ширење на мрежата и со салони во Битола и во Струмица. Но, тоа во 2018 година. Нахрабриот чекор е направен, почната е ерата на ширење на продажната мрежа.

Отворањето на новиот продажен салон беше искористен и за промовирање на новите модели во понудата, Stonic и Stinger. Сега и штипјани ќе може да ги видат, пробаат и уверат во нивните квалитети. Понудата на Киа сега е зголемена, па покрај новото Rio, во понудата се и Ceed и Sportage.

Горди се од Киа Моторс Македонија и на 7 годишната гаранција што нивните модели одамна ја имаат во нашата земја покажувајќи дека Киа е вистинскиот избор за оние што сакаат нов и квалитетен производ.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK