Компанијата Kia Motors донираше пари и медицинска опрема на владата на Словачка во битката со запирањето на ширењето на COVID-19 и лечењето на пациентите. Фондацијата на Kia во Словачка донираше 200.000 евра на болниците за купување на респиратори. Kia Motors Slovakia, е еден од најголемите работодавачи во градот Жилина и на владата и донираше 200.000 за купување на респиратори.
Донацијата беше извршена на свеченост, каде што Kyong Jae Lee, претседателот на Kia Motors Slovakia, му предаде чек во вредност од 200.000 евра на Рихард Сулик, заменик премиер и министер за економија на Словачка. Донацијата е наменета за купување на уреди кои се потребни за заразените со коронавирус, како и за набавување на заштитна опрема за здравствениот персонал и постарите жители во делот на Жилина.
Покрај тоа словачката фондација на Kia купи и мобилна анестезиолошка опрема и респиратори во вредност од 140.000 евра за универзитетската болница во Мартин. Овие недели болницата во Жилина ќе почне со дистрибуција на 10.500 маски за 3.500 пациенти и вработени во 26 единици во регионот. Фондацијата на Кia повеќе од 35.000 евра донираше за словачкиот Црвен крст и други локални здруженија за набавка на медицински шатори, заштитни маски и друга лична заштитна опрема.
Kia Motors Slovakia и понатаму ќе соработува со тамошната влада и локални власти како би ги поддржала мерките за спречување на ширењето на COVID-19.