сабота, 26 март, 2026 година

Kia ќе гради фабрика вредна 1,1 милијарда долари

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Kia Motors потпиша договор за изградба на првата фабрика во Индија вредна 1,1 милијарда долари, таргетирајќи го брзо растечкиот пазар во време кога продажбата во Кина ѝ опаѓа.

Филијалата на Hyundai Motor Co. забележа 19 проценти пад на нето заработката во првиот квартал откако анти-корејските изливи и конфликтот со дилерите се рефлектираше врз продажбата во Кина. Производството во фабриката лоцирана во областа Анантапур, во државата Андра Прадеш, се планира да почне во втората половина од 2019 година, информираат од компанијата.

- Advertisement -

Од Kia се очекува да го искористи системот за испорака на Hyundai изграден околу фабриките во соседната држава Тамил Наду како потпора на индискиот пазар, кој се очекува до 2020 година да биде третиот најголем пазар во светот. Според продажбата, автопроизводителот Hyundai е второрангиран во Индија.

Новата фабрика ќе има капацитет за производство на 300 илјади возила годишно, а ќе произведува компакт седан и СУВ возила наменети за индискиот пазар. Изградбата треба да почне во последното тромесечие од 2017 година.

„Новата фабрика во Индија ќе ни овозможи да продаваме возила на петиот по големина пазар во светот, и ќе ни овозможи поголема флексибилност за нашиот глобален бизнис“, рече претседателот на Kia Motors Парк Хан-ву во изјавата од компанијата.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја