Kia ја продолжува гаранцијата на возилата во 142 земји

ОБЈАВЕНО НА:

Корпорацијата Kia Motors Corporation го најави започнувањето на „Kia Promise“ глобална програма за продолжување на гаранцијата за своите возила. Kia Prоmise е дизајниран да ги поддржува клиентите на Kia чии движења може да бидат ограничени заради пандемијата COVID-19.

Кампањата Kia Promise опфаќа 142 земји во светот и сите возила со оригинални гаранции на Kia кои истекуваат помеѓу 1 февруари и 30 април 2020 година. Програмата ја проширува гаранцијата за сите вакви возила до 30 јуни 2020 година. Kia Motors верува дека повеќе од 500.000 клиенти низ целиот свет би можеле да имаат корист од продолжувањето на гаранцијата Kia Promise.

Со тоа што многу земји и деловни активности преземаат мерки на претпазливост за да се спротивстават на пандемијата COVID-19, оваа кампања на Kia има за цел да им помогне на клиентите кои можеби не се во можност да го посетат сервисот во ова време. Програмата исто така им помага на клиентите кои не се во можност да го однеаат својот автомобил бесплатно за сервисирање во земјите што се „заклучени“.

Сангда Ким, постар потпретседател и раководител на Глобалниот оддел за искуства на потрошувачите во компанијата Kia Motors коментира:
„Со проширување на сеопфатниот гарантен рок на покритие на Kia, клиентите што можат да бидат погодени од пандемијата, Киа моторс се надева дека ќе имаат уште грижа помалку за ова време. Нашата цел е да помогнеме да ги ублажиме сите грижи што ги имаат нашите клиенти за одржувањето на возилото за време на периоди на социјално дистанцирање “

Kia Motors ќе ги контактира сите погодени клиенти одделно во наредните денови, со повеќе детали за програмата Kia Promise.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK